ОД 15 НОЕМВРИ НОВИ ПРАВИЛА ЗА ВОЗАЧИТЕ Зимската опрема задолжителна, АМСМ предупредува и на опасност од одрони

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, а на граничните премини нема подолги задржувања.

ОД 15 НОЕМВРИ НОВИ ПРАВИЛА ЗА ВОЗАЧИТЕ Зимската опрема задолжителна, АМСМ предупредува и на опасност од одрони
Фото: Национал

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, а коловозите се претежно суви, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, пак, нема подолги задржувања ниту за влез ниту за излез од државата.

АМСМ потсетува дека од 15 ноември 2026 година стапува на сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моменталните временски услови. Обврската ќе важи до 15 март 2027 година.

Повеќе информации за задолжителната зимска опрема може да прочитате ТУКА.

Од АМСМ апелираат до возачите да ја приспособат брзината на движење, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да управуваат внимателно, особено на патиштата што минуваат низ котлини, речни долини и клисури, каде постои можност од појава на одрони.

Посебна внимателност се препорачува на делниците: Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево

Од 15 април, патниот правец Охрид – Ресен, преку Националниот парк Галичица, е отворен за сообраќај за сите видови возила со маса до 3,5 тони.

CATEGORIES
Share This