ОТКАЗ ПО КАТАСТРОФАТА, А ВЕЌЕ ИМА НАСЛЕДНИК Ренард е пред сензационално враќање

Туниската федерација го отпушти Сабри Ламуши по тешкиот пораз од Шведска, а веќе се бара негов наследник.

ОТКАЗ ПО КАТАСТРОФАТА, А ВЕЌЕ ИМА НАСЛЕДНИК Ренард е пред сензационално враќање
Фото: Ројтерс

Францускиот стратег Ерв Ренард е најверојатниот наследник на Сабри Ламуши на селекторската позиција на репрезентацијата на Тунис во продолжението од Светското првенство.

Ренард, кој во кариерата ги предводеше националните тимови на Саудиска Арабија, Мароко, Брегот на Слоновата Коска и Замбија, се споменува како главен фаворит за преземање на „Картагинските орли“.

Туниската фудбалска федерација вчера официјално соопшти дека го прекинува договорот со Ламуши по убедливиот пораз од Шведска со 5:1 на стартот од Мундијалот.

Сепак, информацијата за ангажманот на Ренард сè уште нема официјална потврда, а се очекува во следниот период да биде познато кој ќе ја преземе репрезентацијата на Тунис.

CATEGORIES
Share This