ОКТА СО НОВ ПОПУСТ Бензините поевтинуваат за 2 денари

Граѓаните може да почувствуваат пониски цени на бензинските пумпи.

ОКТА СО НОВ ПОПУСТ Бензините поевтинуваат за 2 денари
Фото: Принтскрин

ОКТА продолжува со мерките за поддршка на домашниот пазар и најавува привремен попуст од 2 денари по литар за бензините од 95 и 98 октани, кој ќе важи во периодот од 2 до 16 јуни 2026 година.

Одлуката е донесена како резултат на тековните движења на меѓународните цени на горивата и континуираната комуникација со Владата, со цел ублажување на ефектите од нестабилноста на светскиот пазар врз домашните услови.

Попустот ќе се однесува на трговците на големо и мало кои набавуваат бензин од ОКТА АД – Скопје, а тие ќе можат да го пренесат намалувањето во крајните малопродажни цени за потрошувачите. Сепак, малопродажните цени и понатаму ќе ги утврдува секој трговец поединечно, согласно своите деловни политики и пазарните услови.

Според проценките, вкупниот придонес на компанијата во рамки на оваа мерка би можел да надмине 7 милиони евра. ОКТА нагласува дека останува посветена на стабилно и сигурно снабдување со горива, како и на одржување на долгорочната стабилност на синџирот на снабдување и работењето.

CATEGORIES
Share This