ОД 5 МИЛИОНИ ЕВРА ДО „БЕЛО“ Лефков и Фрчкоски се обвинија за кокаин, па се предизвикаа на тест

Политичката пресметка ескалираше со лични обвинувања и јавен предизвик двајцата да се тестираат во акредитирана лабораторија.

ОД 5 МИЛИОНИ ЕВРА ДО „БЕЛО“ Лефков и Фрчкоски се обвинија за кокаин, па се предизвикаа на тест
Фото: Принтскрин

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков и Јон Фрчкоски од СДСМ влегоа во жестока јавна пресметка која од спорот за трошењето на прославата на 35-годишнината од независноста прерасна во меѓусебни обвинувања за употреба на кокаин.

Фрчкоски обвини дека Владата не ја кажува вистината за финансирањето на прославата и тврдеше дека, според документи од владина седница, биле потрошени околу пет милиони евра.

Лефков возврати со остри лични квалификации, обвинувајќи го Фрчкоски дека е „навлечен на кокаин“ и дека „од напудрениот нос“ не ги гледа фактите.

Фрчкоски го оцени настапот на Лефков како вулгарен, но наместо само да демантира, му предложи двајцата да направат тест за наркотични супстанции во акредитирана институција.

„Ајде јас и Миле да се тестираме во акредитирана институција – коса, крв, како што ќе кажат. Па да видиме кој лаже“, порача Фрчкоски.

Лефков потоа објави стара фотографија од Фрчкоски со кратка порака: „Падна на тестот“.

Фрчкоски повторно возврати, објавувајќи информации за лиценцирани лаборатории и уште еднаш го повика пратеникот да го прифати предизвикот:

„Миле, кога одиме? Граѓаните чекаат!“

CATEGORIES
TAGS
Share This