ОБЈАВЕНИ РЕЗУЛТАТИТЕ Кои студенти добија место во студентските домови
Дел од студентите од „Гоце Делчев“ и „Браќа Миладиновци“ се прераспределени во други домови поради ограничениот капацитет.

Министерството за образование и наука ги објави ранг-листите на студентите на додипломски студии кои се примени за сместување во студентските домови за студиската 2026/2027 година.
Поради ограничениот капацитет во ДСД „Гоце Делчев“ во Скопје, дел од кандидатите кои аплицирале за сместување во овој дом се прераспределени во зградите на ДСД „Стив Наумов“. Прераспределбата е направена и за кандидати кои при аплицирањето не навеле алтернативен дом.
Прераспределување има и во Штип. Дел од студентите примени во ДСД „Браќа Миладиновци“ се распоредени во приватните студентски домови ПСД „Логос“ и ПСД „Хилјадников“, согласно алтернативите наведени во пријавите.
Комплетните ранг-листи се објавени на официјалната интернет-страница на Министерството за образование и наука, по студентски домови и категории.
Објавени се списоците за:
- ДСД „Стив Наумов“ – згради, Скопје
- ДСД „Стив Наумов“ – бараки, Скопје
- ДСД „Гоце Делчев“ – Скопје
- Прераспределени од „Гоце Делчев“ без наведена алтернатива во „Стив Наумов“ – згради
- Прераспределени од „Гоце Делчев“ со наведена алтернатива во „Стив Наумов“ – згради
- ДСД „Браќа Миладиновци“ – Штип
- ДСД „Кочо Рацин“ – Битола
- ДСД „Никола Карев“ – Охрид
- ДСД „Тетово“ – Тетово
- ПСД „Логос“ – Штип
- ПСД „Хилјадников“ – Штип
- Прераспределени од „Браќа Миладиновци“ во ПСД „Логос“
- Прераспределени од „Браќа Миладиновци“ во ПСД „Хилјадников“
Студентите можат да ги проверат резултатите и распоредот на официјалната веб-страница на Министерството.

