НОВ РАЗВОЈ ВО ИСТРАГАТА ЗА ФФМ Уште четворица осомничени заловени и во рацете на органите
Обвинителството обезбеди уште четири лица во истрагата поврзана со ФФМ, а за еден од осомничените веќе е определен притвор.

Од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција соопштија дека во истрагата поврзана со Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) се обезбедени уште четири лица кои досега биле недостапни за органите на прогонот.
Според информациите од Обвинителството, двајца од осомничените денеска биле изведени пред судија на претходна постапка. За едниот е определена мерка притвор, додека за другиот се изречени мерки за обезбедување на неговото присуство во текот на кривичната постапка.
Преостанатите двајца осомничени ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка во текот на утрешниот ден.
Од Обвинителството засега не откриваат повеќе детали за идентитетот на лицата, ниту за конкретните сомневања и кривични дела што се предмет на истрагата поврзана со ФФМ.
ИСТРАГА ШТО ГО ТРЕСЕ ФУДБАЛОТ Поранешниот претседател на ФФМ приведен со уште 15 лица


