НЕВРЕМЕТО СЕ ВРАЌА Дожд, грмежи и ветер над 50 км/ч

Променливо облачно, но локално следуваат силни врнежи.

НЕВРЕМЕТО СЕ ВРАЌА Дожд, грмежи и ветер над 50 км/ч
Фото: Национал

Времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а температурите ќе се движат од 16 до 31 степен. Локално се очекуваат поројни и пообилни врнежи над 15 л/м², проследени со грмежи и засилен ветер.

Ќе дува умерен северен ветер, кој долж Повардарието повремено ќе достигнува над 50 км/ч.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен дожд и умерен, повремено засилен северен ветер. Во делови од Скопската Котлина се очекуваат пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

CATEGORIES
Share This