НОВО ОБВИНУВАЊЕ ПРОТИВ ТРАМП Поранешна Мис Швајцарија тврди дека ја силувал во хотелот „Плаза“
Беатрис Кел тврди дека била сексуално нападната од Доналд Трамп во ноември 1993 година во Њујорк.

Поранешната Мис Швајцарија и модел Беатрис Кел го обвини американскиот претседател Доналд Трамп за силување, тврдејќи дека нападот се случил во хотелот „Плаза“ во Њујорк во ноември 1993 година.
Нејзините најнови тврдења се наведени во извештај објавен во понеделникот од демократите во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, пренесува „Телеграф“.
Кел и претходно јавно зборувала за наводниот инцидент. Во октомври 2024 година, таа тврдеше дека Трамп ја допирал без нејзина согласност, но тогаш изјавила дека настанот не продолжил понатаму.
Во разговорите со претставници на Демократскиот комитет, Кел изнела посериозни обвинувања за истиот настан.
Според нејзиниот исказ, Трамп наводно ѝ го искинал фустанот, ја повредил и потоа ѝ се заканил за да ја натера да молчи.
Нејзините најнови тврдења отвораат дополнителни прашања за инцидентот што, според нејзините наводи, се случил пред повеќе од три децении.

