НЕСИГУРНО НА МУНДИЈАЛОТ ДО ПОСЛЕДЕН МОМЕНТ Пасошите за виза предадени, но одговор од САД уште нема

Репрезентацијата на Иран сè уште го чека одобрувањето на американските визи пред заминувањето за САД.

НЕСИГУРНО НА МУНДИЈАЛОТ ДО ПОСЛЕДЕН МОМЕНТ Пасошите за виза предадени, но одговор од САД уште нема
Фото: Принтскрин

Иако остануваат само неколку дена до почетокот на Мундијалот во САД, Мексико и Канада, една од репрезентациите-учеснички сè уште нема добиено целосна документација за влез во Соединетите Американски Држави.

Станува збор за фудбалската селекција на Иран, која сè уште чека одобрување на визите во американската амбасада во Турција, по што би требало да отпатува за САД.

Информацијата ја потврди и претседателот на Фудбалската федерација на Иран, Мехди Таж.

„Во координација сме со претставниците на ФИФА во врска со нашите американски визи. Ни беше кажано да аплицираме со нашите пасоши во Анкара, во конзуларното одделение на САД. Сите пасоши се доставени и сè уште го чекаме одговорот“, изјави Таж.

CATEGORIES
Share This