НЕВЕРОЈАТЕН ПЛАН НА БАРСЕЛОНА Флик останува до 2028, но наследникот веќе е познат

Барселона го има долгорочниот план за клупата и покрај договорот на Ханси Флик до 2028 година.

НЕВЕРОЈАТЕН ПЛАН НА БАРСЕЛОНА Флик останува до 2028, но наследникот веќе е познат
Фото: Принтскрин

Иако Ханси Флик има договор со Барселона до 2028 година, раководството на каталонскиот клуб веќе знае кој би можел да го наследи, кога и да дојде до промена на клупата.

Ангажманот на Флик во 2024 година се смета за вистински потег на Барселона. Германскиот стратег го внесе својот препознатлив систем на игра и во изминатите две сезони успеа да освои две титули во шпанското првенство.

Барселона неодамна го продолжи неговиот договор до јуни 2028 година, со што јасно ја потврди довербата во неговата работа.

Покрај водењето на првиот тим, Флик ќе има и улога во подготовката на тимот за периодот по неговото заминување.

Каталонците, според информациите, веќе го одредиле наследникот на германскиот тренер и тоа би бил Ческ Фабрегас. Поранешниот фудбалер на Барса, сега 39-годишен тренер, се наметнува како сериозна опција за иднината.

Тимот наводно се подготвува за негово преземање по 2028 година.

Фабрегас моментално бележи одлични резултати со италијанскиот Комо, со кој избори настап во Лигата на шампионите, со што дополнително го привлече вниманието на фудбалската јавност. Неговото име веќе се поврзува со неколку големи клубови, меѓу кои и Реал Мадрид и Арсенал.

„Барселона веќе има човек кој би можел да го наследи Ханси Флик и тоа е Ческ Фабрегас“, наведуваат каталонските медиуми.

CATEGORIES
Share This