НЕ ИЗЛЕГУВАЈТЕ БЕЗ ЧАДОР Времето драстично се менува по пладне
По сончевото и топло утро, од пладневните часови се очекува локален развој на нестабилна облачност низ земјава.

Фото: Национал
Денеска (06.06) времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и температура во интервал од 10 до 32 степени – информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија. Од пладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме со град.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
CATEGORIES Македонија
