НАПАД ВРЗ ЕВРЕЈСКАТА ЗАЕДНИЦА ВО СИДНЕЈ Најмалку 16 загинати

Меѓу загинатите е и едно дете, како и еден од двајцата напаѓачи

НАПАД ВРЗ ЕВРЕЈСКАТА ЗАЕДНИЦА ВО СИДНЕЈ Најмалку 16 загинати
Фото: Принтскрин

Нападот на плажата Бонди во Сиднеј, кој се случи за време на прославата на еврејскиот празник Ханука, однесе 16 животи, вклучувајќи и едно дете, соопшти министерот за здравство на Нов Јужен Велс, Рајан Парк.

Тој истакна дека меѓу загинатите е и еден од двајцата напаѓачи. Дополнително, 38 лица повредени во нападот се уште се наоѓаат во болница.

Полицијата претходно информираше дека еден од осомничените напаѓачи е убиен, додека другиот е во критична состојба.

Претходните извештаи наведуваа дека најмалку 12 лица, меѓу кои и еден од напаѓачите, загинале во пукотницата врз членовите на еврејската заедница што се собрале на плажата за празникот Ханука, додека 29 лица биле повредени.

CATEGORIES
Share This