НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ НИЗ МАКЕДОНИЈА – Каде ќе врне денес?
Сончевите периоди ќе се менуваат со облачност, а на југ можен е краткотраен дожд со ретки грмежи.

Фото: Национал
Времето денеска (17.04.) ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и температура во интервал од 5 до 24 степени – информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија. Во јужните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.
Во Скопје, променливо облачно со подолги сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
CATEGORIES Македонија
