ШОКАНТНО ВИДЕО – Исус Христос „му пресуди“ на Доналд Трамп

Спорната објава на Доналд Трамп беше избришана по жестоки критики.

ШОКАНТНО ВИДЕО – Исус Христос „му пресуди“ на Доналд Трамп
Фото: Принтскрин

Амбасадата на Иран во Таџикистан објави видео креирано со вештачка интелигенција, во кое е прикажан Исус Христос како го удира американскиот претседател Доналд Трамп.

Видеото доаѓа како реакција на претходна АИ-фотографија што Трамп ја сподели на својата социјална мрежа „Truth Social“, каде што самиот беше прикажан во улога на Исус, како лекува пациент во болнички кревет. По остри реакции во јавноста, тој ја избриша објавата, изјавувајќи дека „мислел дека изгледа како доктор“.

Иранската страна возврати со своја интерпретација на сцената. Во видеото, Исус се појавува од небото и го оттурнува Трамп, кој паѓа додека извикува „Неее“. Објавата на платформата X привлече значително внимание, собирајќи над 113.000 лајкови.

CATEGORIES
TAGS
Share This