СУДЕЊЕТО ЗА ПУЛС НЕ СЕ ОДРЖА – Не дојде ниту еден од повиканите сведоци
Петмина сведоци најавени, но никој не се појави на рочиштето.

Судењето за една од најтешките трагедии во поновата македонска историја со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, денеска во Идризово беше одложено поради отсуство на клучните сведоци.
Иако беа најавени пет сведоци, ниту еден од нив не се појави пред судот за да даде исказ и да помогне во расветлување на настаните од кобниот 16 март 2025 година.
Според информациите од постапката, причините за нивното непојавување се различни. Двајца од сведоците, кои биле директни преживеани од пожарот, не биле психолошки подготвени повторно да се соочат со трауматичните искуства. За останатите, Обвинителството не успеало да обезбеди контакт или тие во моментот се наоѓале надвор од државата.
Судењето ќе продолжи во нареден термин, кога се очекува да бидат обезбедени нови сведочења кои ќе придонесат за целосно утврдување на фактите.
