НА 61 ГОДИНА СТАНА МАЈКА, А ТОЈ ИМА 71 Македонска двојка го доби првото дете

Бременоста била постигната со донирани јајце-клетки по претходна медицинска подготовка и реконструкција на матката.

НА 61 ГОДИНА СТАНА МАЈКА, А ТОЈ ИМА 71 Македонска двојка го доби првото дете
Фото: Принтскрин

Македонска двојка на возраст од 61 и 71 година за првпат стана родители, откако во болницата „Д-р Органџиски“ успешно била реализирана сложена ин витро постапка, која резултирала со раѓање на здраво машко бебе.

Од здравствената установа информираат дека станува збор за исклучителен медицински успех, особено имајќи ги предвид возраста на родителите и сложената медицинска подготовка што ѝ претходела на бременоста.

Бременоста била постигната по индивидуално планиран медицински третман. Пред спроведувањето на ин витро процедурата, кај 61-годишната пациентка била направена хистероскопска реконструкција на матката, а во процесот биле користени донирани јајце-клетки.

По успешно завршената процедура, двојката го добила своето прво дете – здраво машко бебе. Според информациите од болницата, и мајката и новороденчето се во добра здравствена состојба.

Случајот привлече внимание во јавноста поради возраста на родителите, но и поради комплексноста на медицинската постапка што овозможила успешно реализирање на бременоста.

За 71-годишниот татко и 61-годишната мајка, ова е прво дете.

CATEGORIES
Share This