МИЦКОСКИ СО НАЈНОВА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ВОДАТА ВО ГОСТИВАР Уште утре се очекува да биде технички исправна

По повеќедневната криза со водоснабдувањето, премиерот најави дека состојбата се очекува да биде санирана во рекорден рок, а екипи од скопскиот водовод веќе работат на хиперхлорирање на мрежата.

МИЦКОСКИ СО НАЈНОВА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ВОДАТА ВО ГОСТИВАР Уште утре се очекува да биде технички исправна
Фото: Принтскрин

Жителите на Гостивар се очекува уште во текот на утрешниот ден да добијат технички исправна вода за користење, најави премиерот Христијан Мицкоски, оценувајќи дека состојбата со водоснабдувањето се санира во рекордно краток рок.

Мицкоски посочи дека управувањето со водоводната мрежа е во надлежност на локалната самоуправа, но оти Владата веднаш се вклучила во решавањето на проблемот. Како дел од мерките, биле обезбедени донации со флаширана вода, а на терен биле ангажирани и стручни екипи од скопскиот водовод за хиперхлорирање на водоводната мрежа.

Премиерот упати критики и кон опозицијата, обвинувајќи ја дека наместо конструктивност шири, како што рече, неосновани обвинувања и непотребна паника меѓу граѓаните.

„Екипи од скопскиот водовод во Гостивар работат на хиперхлорирање на инсталацијата. Очекувам уште утре да биде објавено дека водата е технички исправна за користење. Ова се санираше во рекорден рок од една недела“, изјави Мицкоски.

Тој додаде дека е изненаден од критиките на опозицијата кон локалната власт во Гостивар, потсетувајќи дека, според него, истото локално раководство имало поддршка од опозицијата за време на локалните избори.

„Владата испорачува резултати и ќе продолжи да го прави тоа“, порача премиерот.

CATEGORIES
Share This