МАКЕДОНСКИОТ ИЗВОЗ СКОКНА 8,8 ОТСТО Германија и ЕУ го влечат трговскиот раст

Македонската надворешнотрговска размена бележи раст во првите осум месеци од 2026 година, а земјите од ЕУ учествуваат со 58,5 отсто во вкупната размена.

МАКЕДОНСКИОТ ИЗВОЗ СКОКНА 8,8 ОТСТО Германија и ЕУ го влечат трговскиот раст
Фото: Принтскрин

Македонскиот извоз и увоз продолжуваат да растат во 2026 година. Според најновите претходни податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС), во периодот јануари – август 2026 година, извозот на стоки достигнал 353.757,0 милиони денари, што претставува раст од 8,81 отсто во однос на истиот период лани.

Во истиот период, вредноста на увозот изнесува 502.607,4 милиони денари, односно 7,99 отсто повеќе во споредба со јануари – август 2025 година.

Во извозот најголемо учество имаат катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1, како и други катализатори на носачи.

Кај увозот најзастапени се нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали, платината и легурите на платина, другите метали од платинската група и нивните легури, како и други моторни возила за превоз на лица.

Според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, во првите осум месеци од годинава најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија. Овие пет земји учествуваат со 49,7 отсто од вкупната надворешнотрговска размена.

Земјите членки на Европската Унија учествуваат со 58,5 отсто во вкупниот обем на надворешнотрговската размена.

Извоз: јануари – август 2026 во однос на истиот период во 2025

  • 353.757,0 милиони денари – раст од 8,8 отсто
  • 5.738,7 милиони евра – раст од 8,7 отсто
  • 6.669,8 милиони американски долари – раст од 13,7 отсто

Увоз: јануари – август 2026 во однос на истиот период во 2025

  • 502.607,4 милиони денари – раст од 8,0 отсто
  • 8.153,8 милиони евра – раст од 7,9 отсто
  • 9.476,1 милиони американски долари – раст од 12,9 отсто
CATEGORIES
Share This