ЛАЖНИ СМС ПОРАКИ ВО ИМЕ НА УЈП Не кликајте на линкот
УЈП алармира: Измамниците бараат лични и банкарски податоци, граѓаните да не наседнуваат

Управата за јавни приходи (УЈП) предупредува дека граѓаните денеска добиваат лажни СМС пораки во кои испраќачите се претставуваат како институцијата, со цел можна измама и злоупотреба на лични и финансиски податоци.
Во пораките се испраќа линк и се наведува дека постои проблем со „статусот на сметката за социјално осигурување“, при што од граѓаните се бара наводниот проблем да го решат што е можно поскоро.
Од УЈП апелираат граѓаните да не го отвораат линкот и да не внесуваат никакви лични, банкарски или други чувствителни податоци.
„Станува збор за порака која може да биде обид за измама и злоупотреба на лични и финансиски податоци“, предупредуваат од Управата.
Од институцијата посочуваат дека сите информации поврзани со работата на УЈП треба да се проверуваат исклучиво преку официјалните канали – веб-страницата, електронските услуги, официјалните телефонски броеви и контакт-адреси.
За дополнителни информации:
- Е-пошта: info@ujp.gov.mk
- Инфо центар: 0800 33 000 (само од фиксни оператори)
- Телефон: 02 3253 200
- Веб-страница: www.ujp.gov.mk
УЈП дополнително ги повикува граѓаните да не кликаат на линкови од непознати или сомнителни СМС пораки и да не споделуваат податоци поврзани со личниот идентитет или банкарските сметки.
Од Управата апелираат предупредувањето да се сподели и со блиските, со цел да се спречат можни злоупотреби.

