БОГАТ ОКТОМВРИ ВО МНТ „Три сестри“, Поетроника и гостување од Анкара

Театарски премиери, гостувања и музички настани го исполнуваат октомврискиот репертоар, а „Од другата страна“ на Поетроника ќе се одржи со бесплатен влез.

БОГАТ ОКТОМВРИ ВО МНТ „Три сестри“, Поетроника и гостување од Анкара
Фото: Принтскрин

Октомври носи богата и разновидна програма во Македонскиот народен театар (МНТ), со театарски претстави, гостувања и нови сценски и музички содржини.

Покрај редовниот репертоар, публиката ќе има можност да ја погледне и најновата продукција на МНТ – „Три сестри“, како и претставата „Досие Пеперутка“, која гостува од Анкара.

Посебно место во програмата има музичко-визуелниот настан „Од другата страна“ на Поетроника. На 7 октомври, со почеток во 19 часот, на реновираната тераса на МНТ ќе биде претставен најновиот музички материјал на дуото.

Настанот е замислен како едночасовно звучно и визуелно патување, а влезот е бесплатен.

РЕПЕРТОАР – ОКТОМВРИ

  • 5 октомври – „Три сестри“
  • 7 октомври – Поетроника: „Од другата страна“ – 19:00 часот
  • 8 октомври – „Кец на десетка“
  • 9 октомври – „Страв и надеж“
  • 13 октомври – „Дома“ – ФДУ
  • 19 октомври – „Кaо какао“
  • 21 октомври – „Три сестри“
  • 28 октомври – „Досие Пеперутка“ – гостување од Анкара
  • 29 октомври – „Торонто експрес“

Сите театарски претстави започнуваат во 20:00 часот, со исклучок на настанот на Поетроника, кој започнува во 19:00 часот.

CATEGORIES
Share This