КАЦ: Околу 4.000 терористи од нападот на 7 октомври се убиени
Израелскиот министер за одбрана тврди дека околу 6.000 напаѓачи ја преминале границата на 7 октомври 2023 година, а околу 2.000 сè уште се живи.

Фото: Принтскрин
Најмалку 4.000 лица кои учествувале во нападот врз јужен Израел на 7 октомври 2023 година се убиени, изјави израелскиот министер за одбрана Израел Кац.
„Околу 6.000 терористи ја преминаа границата со Израел на 7 октомври и извршија злосторства. Од нив, околу 4.000 сега се убиени, а уште околу 2.000 остануваат“, изјави Кац, пренесува „Тајмс оф Израел“.
Кац додаде дека заедно со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху побарал од армијата и безбедносните служби да ги пронајдат и ликвидираат учесниците во нападот, без оглед на нивниот ранг.
Израелскиот министер нагласи дека целта се однесува на сите учесници во нападот – „од високи до ниски чинови“.
CATEGORIES Свет

