ЛА ЛИГА ЈА ПОБЕДИ БУНДЕСЛИГАТА – Драматичната битка за УЕФА коефициентот
Шпанските клубови добија пет претставници во Лигата на шампионите.

Рајо Ваљекано испиша историја и обезбеди прво европско финале во клупската историја, откако со две победи од по 1:0 над Стразбур се пласираше во финалето на Конференциската лига на Европа каде за трофејот ќе се соочи со Кристал Палас.
Освен историскиот успех за клубот од Мадрид, триумфот во Стразбур имаше огромно значење и за шпанскиот фудбал. Победата му донесе на шпанскиот шампионат доволно бодови за да ја обезбеди предноста пред Бундеслигата во трката за дополнително место во Лигата на шампиони.
Иако Фрајбург славеше со 3:1 против Брага, успехот на Рајо се покажа како пресуден. Шпанија ја заврши битката со 22.094 поени, додека Германија остана на 21.786.
Драмата траеше до самиот крај, особено по елиминациите на Селта Виго и Реал Бетис, а дополнителна неизвесност внесе и голот на Хари Кејн на мечот меѓу Баерн Минхен и ПСЖ, со кој германските клубови се доближија на само 0,424 поени.
Со обезбеденото петто место за шпанските клубови во Лигата на шампионите, борбата за европските позиции во Ла лига станува уште подраматична. Според актуелната табела, Реал Бетис моментално е на позиција што води во Лигата на шампионите, додека Селта Виго и реал Сосиедад се во зоната за Лига Европа. Хетафе во моментов држи место што носи настап во Конференциската лига.
До крајот на сезоната остануваат уште четири кола и 12 можни бодови, а во трката за Европа се и Атлетик, Реал Сосиедад, Осасуна и самиот Рајо Ваљекано.
Сигурни патници во Лигата на шампионите веќе се Барселона, Реал Мадрид, Виљареал и Атлетико Мадрид
