КОРИДОРИТЕ 8 И 10 ВО ПОЛН ЕК – Мицкоски најави инфраструктурна трансформација

Премиерот најави нов тендер за гасоводот со Србија и пуштање на гасоводот со Грција следната година.

КОРИДОРИТЕ 8 И 10 ВО ПОЛН ЕК – Мицкоски најави инфраструктурна трансформација
Фото: Национал

Поврзувањето останува еден од клучните приоритети на Владата, а Коридорите 8 и 10 се од стратешко значење за Македонија, изјави премиерот Христијан Мицкоски при увидот во изградбата на автопатот Гостивар – Букојчани.

Тој нагласи дека паралелно се работи на повеќе инфраструктурни проекти и изградба на автопати, модернизација на железницата и развој на енергетската мрежа. Според него, интензивно се реализира и гасното поврзување со Грција, а веќе неделава ќе биде објавен тендерот за гасоводот со Србија. Во функција е и нафтоводот од Солун до Скопје, што, како што оцени, ќе ја позиционира Македонија како регионален транспортен и енергетски хаб.

Мицкоски најави дека Владата ќе продолжи со поддршка на капиталните проекти и изрази очекување дека наскоро ќе биде пуштен во употреба преостанатиот дел од автопатот Кичево – Охрид, како и гасоводот со Грција во првата половина од следната година.

Автопатот Гостивар – Букојчани е дел од инфраструктурниот пакет што го реализира конзорциумот Бехтел и Енка, а моментално се работи на 11 километри од вкупно планираните 31 километар.

ЗАПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ ТЕТОВО ГОСТИВАР Градењето инфраструктура е градба на иднината на Македонија истакна Мицкоски

CATEGORIES
Share This