Кога ќе имаме универзитети во првите 500 во светот?

Останува Владата, на овој план да направи промени и трансформирање на институциите и сносење на одговорности со нови професионaлни и стручни наставнонаучни кадри. Излезни решенија  има. На потег се „нефункционалните“ институции!  

Кога ќе имаме универзитети во првите 500 во светот?
Фото: Национал

Колумна, Национал
Ѓорѓи Илиевски,
Виш просветен инспектор во пензија
Четврток, 02 јули 2026 година

На оваа тема сум пишувал повеќе пати, во моите анализи и колумни.  Но  нема никаков слух и интерес од надлежните институции, почнувајќи од повеќе влади, МОН, Собранието на Република Македонија како основач на јавните универзитети  и други субјекти.

Затоа ќе повторам, по незнам кој пат-Повторувањето е мајка на знаењето (Repititio mater studiozum est). Па така:

Во сериозни држави, нормални држави, правни држави, кога се појавуваат и се објавуваат светски рангирања на универзитети нивните научни  достигнувања, а ако тие достигнувања не ги исполнуваат и реализираат образовните и научните достигнувања, а се загрижувачки, тогаш таа држава го вклучува алармот за  состојбите на образованието и свикува „вонредна состојба“ и расправа за настанатата состојба во образованието во државата и се бара  и се сноси одговорност. Кај нас министрите за образование и наука не сносат одговорност, па така министерката Јаневска од двегодишниот отчет за образованието и науката ќе изјави:„ Пред две години затекнавме катаклизма (наследила долгови од околу 5 милијарди денари…. Го запревме понатамошниот пад и денес веќе работиме на подигнување на квалитетот на образованието и науката…“ Дали министерке Јаневска за затекнатата катаклизма и во каква состојба ја презедовте институцијата од поранешниот министер Јетон Шаќири,  дали ги информиравте надлежните органи на Јавното обвинителство на Република Македонија, или дали постапивте по конечниот извештај од Државниот завод за ревизија, за доделени стипендии и нереализирани меници…и слично. Информациите говорат дека за сите катаклизми не се информирани надлежните институции во Република Македонија. Тогаш и  дали и вие сте соучесник на образовниот криминал.  Кај нас, во Република Македонија, во делот на образованието на сите степени, состојбите се алармантни. Кај нас Владите и надлежните институции, само ги констатираат состојбите во образованието, но не се вклучуваат во нивно надминување и решавање на истите, нема одговорност, нема расправа за истите, иако согласно законите постојат надлежни институции. Но, истите институции ги интересира и предмет на интерес се личните интереси, профит, јавни тендери односно образовен криминал и корупција.

Затоа,  Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски  и другите партнери во Владата, сериозно да се позанимаваат со главниот столб ОБРАЗОВАНИЕТО, НАУКАТА, на сите степени, да се проанализираат состојбите. Што значи образованието за државата?.Какво ти е образованието таква ти е државата. Зарем НЕ! Како што ќе рече: Бенџамин Френклин: „ Инвестицијата во знаењето дава најдобри камати“. Од овие причини образованието треба да биде предмет на проучување, истражување и валоризирање во сите степени и сегменти кој ќе дојдат до релевантни податоци дека постојано се менува, постојано е пред нови предизвици кои бараат да се следат и имаат предвид во неговото реформирање, иновирање, и трансформирање Или  како што вели големиот Нелсон Мандела: „ Образованието е најмоќното  оружје што можете да го употребите за да го промените светот“.

Академското рангирање на  балканските универзитети (АРБУ)

АРБУ е првото  академско рангирање на балканските универзитети. Оваа регионална платформа ги оценува факултетите според  нивното научно влијание и објавени трудови.

Позицијата на македонското високо образование во Република Македонија во моментов е во СИСТЕМСКИ ПАД. Водечката институција во државата Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) денес е надминат од универзитетите кои некогаш се сметаа за периферни, како што се Крагуевац, Ниш, Осиек  и Сплит. Колку побрзо се признае оваа реалност, толку побрзо креаторите на политики и засегнатите страни ќе можат да преземаат суштински реформи за справувани  со системските предизвици.

Според рангирањето  на  АРБУ (ARBU)  објавено од Универзитетот „Шангај Џиао Тонг“, само три универзитети од поранешна Југославија се наоѓаат меѓу првите 1000 институции во светот и тоа: Универзитетот во Белград,Универзитетот во Загреб и Универзитетот во Љубљана (Shanghaj Ranking Consultancy,2024). Во други глобални рангирања, вкупно десет универзитети од поранешна Југославија се застапени, но ниеден  од Македонија.

Но универзитетите како Нови Сад и Ниш редовно се појавуваат во Глобалното рангирање по академски области (GRAS). Ова укажува дека барем во одредени дисциплини, овие универзитети одржуваат позиција меѓу првите 1000 во светот (Shanghaj Consultancy,2024b)

Од соседството, Универзитетите од  Србија се во топ 1000 најдобрите светски универзитети:

  • Универзитетот од Белград е рангиран на 401-500
  • Универзитетот од Нови Сад е рангиран на 901-1000
  • Универзитетот од Ниш е рангиран на 901-1000 исто е рангиран и
  • Универзитетот од Крагуевац. (Source; Shanghai Ranking Consultancy 2024b)

Македонскиот универзитет „Свети Кирил и Методиј“(УКИМ)-Скопје е рангиран од 11-то на 12 место во регионот.

Пред УКИМ се наоѓаат:

  • Четири универзитети од Хрватска:Загреб, Сплит, Риека, Осиек,
  • Три универзитети од Србија: Белград, Нови Сад, Крагуевац,
  • Три универзитети од Словенија: Љубљана, Марибор, Јожеф Штефан Меѓународна постдипломска школа,
  • Еден универзитет од Босна и Херцеговина: Сараево.

Во споредба со 2024 година, кога  и универзитетот на Ниш и Крагуевац беа рангирани зад Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје, ситуацијата сега е променета-Крагуевачкиот универзитет напредува и го надминува УКИМ.

Скоро сигурно во 2026 година, нишкиот универзитет ќе отиде пред УКИМ, бидејќи има многу помал број на професори, кои се поефикасни. Нишкиот универзитет има 767 професори со вкупно 376,085 цитати, а УКИМ има 1000 професори со 396,954 цитати.

Се поставува прашањето – Кога  ќе имаме универзитет во првите 500?

   Ранг               универзитети                                       цитати                             фактор

  1. Универзитет Загреб                               292.348                              13
  2. Универзитет Белград                            129.532                                6
  3. Универзитет Љубљана                         840.811                                5
  4. УКИМ-Скопје                                              832                                 –

Често пати се зборува „ Кога ќе имаме универзитет во првите 500? А се заборава дека првите три  во регионот не се подобри од нас за 10% туку за 10 пати, 6 пати и 5 пати. Тоа се 1.000%, 600 %, 500%.

Во високото образование и наука ќе истакне министерката Јаневска: „… буџетот за универзитетите е зголемен од 3 милијарди денари во 2022 година на 8 милијарди денари во 2026 година, додека буџетот за наука е зголемен од 380 на 773 милиони денари. Во 2025 година се доделени над 370 милиони денари за научно-истражувачки проекти од национален интерес, а за  кадарот на факултетите и научните установи е обезбеден бесплатен пристап од базите Web of science и  Scopus“ ќе додаде Јаневска.

Во однос на науката проф.д-р Виктор Стефов од Природно-математичкиот факултет при УКИМ-Скопје, меѓу другото ќе изјави:„… УКИМ е во првите 5% универзитети во светот на Вебометрикс-ранг со која ниедна македонска институција не може да се пофали, со над 90% од националната научна продукција. Но на национално ниво, науката во Македонија добива од  домашниот производ 40 милиони евра годишно, а во Србија, Хрватска и Словенија од 1 до 1.43 милијарди евра  годишно. Што е однос од над 32 пати! Сепак на пример Словенија, не продуцира 32 пати  повеќе наука од Македонија туку 7 пати повеќе. Затоа професорот Стефов ќе додаде за да  не се заборави: „… порано добро  функционираше  ФОНДОТ ЗА НАУКА. Зошто се наруши системот кој функционираше? Ова прашање професорот Стефов и го поставил на министерката Јаневска. Одговор НЕМА!

Што е карактеристично

Карактеристично е тоа што нема ниту еден македонски научник во првите 25 во регионот, a има од помали градови како Приштина, Урошевац, Сплит, Крагуевац. Најдобро рангиран  е нашиот најдобар научник  проф.д-р Сашко Кедев, кој се наоѓа на 38 место во регионот(екс СФРЈ + Албанија). Нашите 25  најдобри научници, заедно имаат помалку цитати од првиот во регионот, Марко Микуз од Љубљана со 290,141 цитати (https//arbu-ranking.com-ranking-of-profesors/.

Кои се најдобрите пет македонски научници кои имаат цитати колку следните 20 научници

   Име                                  област                           индекс

1.Сашко Кедев           медицински науки                 100                 43,793

  1. Љупчо Коцарев инжинерство и технол. 64.89              28,330

3.Марија Вавлукис   медицински науки                  62.54              27,388

4.Тодор Арсов          медицински науки                  49,76              21,791

5.Лидија Попоска     медицински науки                  46,43              20,635

Зарем ова не е загрижувачко. Каде се надлежните институции ?

Сакам да повторам и истакнам  дека загрижен сум од непревземање активни мерки на институциите. Неминовно е да се преземаат конкретни мерки и активности за образованието, науката, истражувањата и иновациите ?! Што и како работи поставената Агенција за квалитет за високото образование и нивните Одбори за акредитација и евалуација? Зошто не си ја извршуваат професионално и совесно својата работа?!. Практичното (не) функционирање на Националниот совет за високо образование! Зошто нема никаква Собраниска расправа и одговорност за ваквата загрижувачка  состојба?!,  Секако, се чувствува одговорноста на  Министерот за образование и наука, (не) професионалната работа на Државниот просветен инспекторат, Собранието на Република Македонија кој е основач на јавните универзитети. Тука треба да се одважи највисоката Македонска академија на науките и уметностите (МАНУ) –  која треба да креира стратегија и излез од овој наш бродолом на високото образование и наука на нашите универзитети. Има многу прашања, но нема професионален и одговорен однос на институциите. Останува Владата, на овој план да направи промени и трансформирање на институциите и сносење на одговорности со нови професионaлни и стручни наставнонаучни кадри.

Излезни решенија  има. На потег се „нефункционалните“ институции!

CATEGORIES
Share This