КАЛАС БЕСНА НА ПОТЕГОТ НА ТРАМП Русија ќе заработува повеќе од нафта, Европа одбива да попушти

Шефицата на европската дипломатија предупредува дека ублажувањето на ограничувањата за рускиот дизел ќе ѝ донесе дополнителни приходи на Москва, оценувајќи дека сега не е време за намалување на притисокот врз Русија.

КАЛАС БЕСНА НА ПОТЕГОТ НА ТРАМП Русија ќе заработува повеќе од нафта, Европа одбива да попушти
Фото: Принтскрин

Шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, ги критикуваше САД по одлуката да се дозволат одредени трансакции поврзани со испорака на руски дизел, оценувајќи дека со тоа Русија ќе добие можност да оствари дополнителни приходи.

„Ограничувањето на санкциите врз рускиот дизел ќе ѝ обезбеди на Москва уште поголем приход“, напиша Калас на социјалната мрежа X.

Таа порача дека, според неа, „сега не е време да се намали притисокот врз Русија“, додавајќи дека Европа нема намера да го следи примерот на Вашингтон.

Во петокот, рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп разговараа телефонски за можностите за решавање на конфликтот во Украина, како и за економската соработка меѓу двете земји.

Од руската страна беше потврдена подготвеноста за испорака на нафта и нафтени деривати на американскиот и на светскиот пазар. Путин и Трамп, исто така, се согласиле да продолжат со личните контакти и соработката меѓу претседателските администрации, разузнавачките служби и другите институции.

Истиот ден, Министерството за финансии на САД издаде лиценца со која се дозволуваат одредени трансакции поврзани со продажба, испорака, истовар и увоз на руски дизел до 7 април 2027 година.

Одлуката предизвика критики од Калас, која смета дека секое ублажување на ограничувањата може да ја зајакне финансиската позиција на Москва во време кога Европа се залага за продолжување на притисокот врз Русија поради војната во Украина.

CATEGORIES
Share This