НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА Пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Во делови од земјата се очекуваат пообилни врнежи од дожд, проследени со грмежи и засилен ветер, а температурите ќе се движат од 11 до 20 степени.

НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА Пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Фото: Национал

Денеска во Македонија ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, со повремени локални врнежи од дожд. На одредени места врнежите ќе бидат поројни и пообилни, проследени со грмежи и засилен ветер.

Дневните температури ќе се движат во интервал од 11 до 20 Целзиусови степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, со повремени врнежи од дожд. Во одделни делови од Скопската Котлина се очекува нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Температурата во главниот град ќе достигне 19 степени. Атмосферскиот притисок ќе изнесува 972 хектопаскали, влажноста на воздухот 95 проценти, а ветерот ќе дува со брзина од 2 метри во секунда.

CATEGORIES
Share This