ПЕЗЕШКИЈАН: ПРЕГОВОРИТЕ СО САД НЕМААТ СМИСЛА Техеран со нова порака до Вашингтон

Иранскиот претседател вели дека нема простор за преговори со земја која, според него, „тероризира, воведува санкции, врши притисок и се заканува“.

ПЕЗЕШКИЈАН: ПРЕГОВОРИТЕ СО САД НЕМААТ СМИСЛА Техеран со нова порака до Вашингтон
Фото: Принтскрин

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека преговорите со Соединетите Американски Држави се бесмислени, објавија иранските државни медиуми.

На средбата со ерменскиот министер за надворешни работи Арарат Мирзојан во Техеран, Пезешкијан рече дека преговорите немаат смисла со, како што го опиша, „непријател кој тероризира, воведува санкции, врши притисок и се заканува секој ден“.

Во меѓувреме, Иран во неделата соопшти дека САД одговориле на неговиот „седумдневен план“, при што одговорот моментално е предмет на интерна ревизија.

Техеран истовремено порача дека останува отворен за други сценарија доколку мировните напори не дадат резултат.

ПЕЗЕШКИЈАН МУ ОДГОВОРИ НА ТРАМП ОД ОН Иран нема да клекне

CATEGORIES
TAGS
Share This