ИТАЛИЈА ЌЕ ВОВЕДУВА КАЗНИ ЗА БАВНО ВОЗЕЊЕ На левата лента ќе важи минимална брзина од 100 километри на час

ИТАЛИЈА ЌЕ ВОВЕДУВА КАЗНИ ЗА БАВНО ВОЗЕЊЕ На левата лента ќе важи минимална брзина од 100 километри на час

Италија подготвува нови сообраќајни правила со кои возачите што се движат премногу бавно на одредени автопатишта би можеле да се соочат со казни од 40 до 160 евра.

Предложената мерка се однесува на автопатишта со најмалку три ленти во секоја насока, каде што на крајната лева лента се предвидува минимална брзина од 100 километри на час.

Ќе има исклучоци при лоши временски услови, сообраќајни несреќи, метеж или работи на патот.

Одредбата е дел од нацрт-законот за безбедност во сообраќајот, кој владата го одобри во октомври и го достави до парламентот. Правилата сè уште чекаат финално усвојување.

CATEGORIES
Share This