„НИТУ ЕДНА ПОВЕЌЕ!“ Протест против фемицидите и институционалното насилство

„Колку уште жртви се потребни за институциите да преземат одговорност?“ – прашуваат од иницијативата, потсетувајќи дека по секој фемицид следуваат ветувања, но насилството продолжува.

„НИТУ ЕДНА ПОВЕЌЕ!“ Протест против фемицидите и институционалното насилство

Неформалната иницијатива „Ниту една повеќе!“ организира протестен марш против фемицидите, институционалното насилство и неказнивоста, во недела (8 ноември), со почеток во 12 часот, во паркот „Жена борец“ во Скопје.

Повод за протестот е убиството на 17-годишната Билјана Кириќ во Богданци, кое, според активистите, повторно ги откри институционалните пропусти и недостигот од ефикасна заштита на жените и девојките.

Маршот ќе помине покрај Собранието и Министерството за правда, а ќе заврши пред Министерството за образование и наука.

Од институциите се бара целосна и транспарентна истрага за убиството, утврдување одговорност за институционалните пропусти, итно усвојување на законските измени за заштита од насилство врз жените, враќање на поимот род во законите и разрешување на функционерите кои го оправдуваат или нормализираат насилството.

„Колку уште жртви се потребни за институциите да преземат одговорност?“ – прашуваат од иницијативата, потсетувајќи дека по секој фемицид следуваат ветувања, но насилството продолжува.

CATEGORIES
TAGS
Share This