АЛБАНИЈА ГИ ЗАОСТРИ ПРАВИЛАТА ЗА ПРОТЕСТИ 83 казнети граѓани, секој ќе плати по 55 евра за блокирање на сообраќајот
Казните изнесуваат по 5.000 леки, односно околу 55 евра, за блокирање на патиштата и попречување на сообраќајот.

Албанската полиција изрече казни за уште 31 лице по протестите во Тирана, со што вкупниот број санкционирани демонстранти во последните денови достигна 83. Казните изнесуваат по 5.000 леки, односно околу 55 евра, за блокирање на патиштата и попречување на сообраќајот.
Новите построги правила, иницирани од владата на премиерот Еди Рама, стапија во сила на 28 октомври, по ескалацијата на антивладините протести. Владата ги образложи мерките како начин за спречување насилство и нарушување на јавниот ред.
Реагираше и амбасадорката на ЕУ во Албанија, Софија Мореира де Соуса, која порача дека мирните протести се основа на демократијата, а санкциите за насилство мора да бидат пропорционални и во согласност со законот.
CATEGORIES Свет

