ИРАН УДРИ ВО СРЦЕТО НА АМЕРИКАНСКАТА МОЌ Нови напади врз американски бази во Кувајт

Техеран тврди дека погодил складишта за муниција и воени објекти, додека тензиите со Вашингтон повторно опасно растат.

ИРАН УДРИ ВО СРЦЕТО НА АМЕРИКАНСКАТА МОЌ Нови напади врз американски бази во Кувајт
Фото: Принтскрин

Иранската војска соопшти дека извела нов бран ракетни напади врз американски воени објекти во Кувајт, при што цел биле складишта за муниција во кампот Ал-Адири, како и засолништа за воена опрема и персонал во воздухопловната база Али ал-Салем.

Според соопштението на Одделот за односи со јавноста на иранската армија, операцијата била изведена како одговор на, како што наведуваат, „кршењето на меѓународните договори и злосторствата врз цивилните области од страна на арогантниот непријател“, пренесе иранската новинска агенција Мехр.

Во соопштението се истакнува дека воените дејствија се дел од, како што ја опишува Техеран, одбраната на суверенитетот, историскиот идентитет и националното достоинство на Иран. Иранските власти додаваат дека нивната земја „ниту врши неправда, ниту прифаќа да биде угнетувана“, повикувајќи се на принципите на исламските учења.

Од иранската војска наведуваат дека вооружените сили остануваат целосно подготвени да го бранат народот од, како што ги нарекуваат, „непријателите на Иран и човештвото“.

Овој напад следува по претходната, 16-та фаза од иранските одмазднички операции, во рамки на кои беа погодени складишта за муниција и радарски системи во истите американски бази во Кувајт.

CATEGORIES
Share This