НОВА ЕСКАЛАЦИЈА ВО ХОРМУШКИОТ ТЕСНЕЦ Иран се закани – Секој што ќе ги следи Американците ќе плати

Иранската револуционерна гарда тврди дека четири брода ги игнорирале предупредувањата, а два биле вклучени во инцидент во хОрмускиот теснец.

НОВА ЕСКАЛАЦИЈА ВО ХОРМУШКИОТ ТЕСНЕЦ Иран се закани – Секој што ќе ги следи Американците ќе плати
Фото: Принтскрин

Тензиите меѓу Иран и САД повторно ескалираат по пропаѓањето на привремениот договор за прекин на огнот, а новиот инцидент во Хормускиот теснец дополнително ја влошува безбедносната состојба во еден од најважните светски поморски коридори.

Иранскиот корпус на Исламската револуционерна гарда (ИРГК) соопшти дека во неделата четири трговски брода ги игнорирале предупредувањата на иранските власти при пловидба низ Хормускиот теснец. Според соопштението, два брода биле вклучени во „инцидент“ откако се обиделе да минат по рута што Техеран ја оценува како небезбедна, додека уште два брода ја напуштиле предвидената пловна траса.

Од ИРГК тврдат дека сите четири брода дејствувале со поддршка на САД и не ги почитувале инструкциите на иранските власти.

„Бродовите што ги следат зборовите на Американците и влегуваат во небезбедни рути сигурно ќе доживеат инциденти“, се наведува во соопштението на ИРГК.

Новите предупредувања доаѓаат само неколку дена по пропаѓањето на едномесечниот договор за привремен прекин на огнот, по што Иран и САД повторно ги засилија меѓусебните напади и острата реторика.

Поради стратешкото значење на Хормускиот теснец, низ кој поминува значителен дел од светската трговија со нафта, секое ново заострување на односите меѓу Техеран и Вашингтон предизвикува загриженост за безбедноста на поморскиот сообраќај и можноста од поширока регионална ескалација.

CATEGORIES
Share This