ИРАН УДРИ СО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ – САД да не се вмешуваат, ќе зажалат
Иран предупредува дека ескалацијата може да има сериозни последици, но остава простор за дипломатија.

Ирански официјални лица порачаа дека актуелната политичка криза не може да се реши со воени средства и предупредија дека САД треба да избегнуваат вовлекување во нов долг и исцрпувачки конфликт. Слична порака била упатена и до Обединетите Арапски Емирати.
Според високи дипломати, Техеран не потврдил никаква вмешаност во наводни напади врз ОАЕ, но остава простор за дипломатско решение на тензиите. Како што пренесува Ал Џезира, и покрај зголемените тензии во регионот на Хормутскиот теснец, сè уште постои надеж дека кревкото примирје може да се одржи.
Во меѓувреме, Пакистан се обидува да посредува и да ги намали разликите меѓу страните, додека Иран нагласува дека е подготвен за секој можен развој на ситуацијата, но останува отворен за продолжување на дипломатските преговори.
