ИРАН СЕ ПОДГОТВУВА ЗА НОВА ЕСКАЛАЦИЈА Пезешкијан и Хамнеи насамо за заканите од САД и Израел

На средбата биле разгледани воената состојба, економските проблеми и обезбедувањето ресурси за Иран.

ИРАН СЕ ПОДГОТВУВА ЗА НОВА ЕСКАЛАЦИЈА Пезешкијан и Хамнеи насамо за заканите од САД и Израел
Фото: Принтскрин

На почетокот на третата година од својот мандат, иранскиот претседател Масуд Пезешкијан се сретна со врховниот лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи. Иранските медиуми објавија дека разговорот бил посветен на економската состојба во земјата, воените прашања и подготовките за можни нови закани.

Според иранската телевизија „Прес ТВ“, на средбата биле разгледани потребите на населението, актуелната состојба и идните перспективи во услови на, како што го опишува Техеран, агресивна војна на САД и Израел против Иран.

Посебно внимание било посветено на воените случувања, но и на обезбедувањето ресурси и управувањето со државните расходи во услови на економски притисок. Разговорите опфатиле прашања поврзани со иранскиот ријал, странската валута и енергетските ресурси, како и можностите за унапредување на економската соработка со странски партнери.

Средбата се одржува во период на зголемена неизвесност и можност за нова ескалација меѓу Иран и САД. Иранските медиуми потсетуваат дека на 28 февруари САД и Израел започнале нова фаза од конфликтот со Иран, при што биле убиени тогашниот врховен лидер ајатолахот Сејед Али Хамнеи, како и повеќе високи воени команданти и државни функционери.

Пезешкијан беше избран за претседател на Иран на 6 јули 2024 година, откако во вториот круг на изборите, одржан на 5 јули, го победи својот противкандидат.

На 28 јули 2024 година, тогашниот врховен лидер Али Хамнеи официјално го потврди неговиот избор, а Пезешкијан положи заклетва пред иранскиот парламент на 30 јули.

Тој дојде на претседателската функција неколку месеци по смртта на претседателот Ебрахим Раиси, кој загина во хеликоптерска несреќа.

КОЈ ГО УНИШТУВА ЕДИНСТВОТО НА ИРАН Се бара оставка од Пезешкијан, се споменува Моџтаба Хамнеи – Кабинетот жестоко демантира

CATEGORIES
Share This