ХАОС ПРЕД СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО 12.000 наставници го парализираа центарот на Мексико Сити

Протестантите наставници поставија кампови и блокираа клучни улици во центарот на градот.

ХАОС ПРЕД СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО 12.000 наставници го парализираа центарот на Мексико Сити
Фото: Принтскрин

Само неколку дена пред стартот на Светското првенство во фудбал 2026, центарот на Мексико Сити се соочува со масовни протести организирани од наставници.

Околу 12.000 демонстранти поставиле камп во срцето на градот и блокирале повеќе важни сообраќајници, меѓу кои и познатата авенија „Пасео де ла Реформа“. За време на протестите биле оштетени и дел од промотивните инсталации поврзани со Мундијалот.

Разговорите меѓу владата и синдикатот на наставниците CNTE засега не резултираат со договор. Наставниците инсистираат на промени во пензискиот систем и повисоки плати, додека властите предупредуваат дека ваквите барања би можеле сериозно да го оптоварат државниот буџет.

Блокадите веќе предизвикуваат проблеми во организацијата на настаните поврзани со Светското првенство, а дел од обуките за волонтери се преместени во онлајн формат.

Првиот натпревар од Мундијалот е закажан за 11 јуни во Мексико Сити, а властите се под притисок да најдат решение пред пристигнувањето на илјадници навивачи и гости од целиот свет.

CATEGORIES
Share This