ГУЖВИ НА ГРАНИЦИТЕ На Табановце се чека повеќе од еден час

Зголемен интензитет на сообраќајот, а најдолги задржувања има на Табановце и Пелинце.

ГУЖВИ НА ГРАНИЦИТЕ На Табановце се чека повеќе од еден час
Фото: Национал

Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива непречено, по претежно суви коловози, но интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е зголемен.

Од АМСМ информираат дека поради зголемената фреквенција на возила има подолги задржувања на дел од граничните премини.

На ГП Табановце, за влез во државата се чека повеќе од еден час, додека за излез времето на чекање е околу 30 минути. На ГП Богородица се бележат задржувања од околу 30 минути и за влез и за излез.

На ГП Пелинце, за влез во Македонија се чека околу еден час, а за излез околу 30 минути.

На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез и излез од државата.

АМСМ апелира до возачите да ја прилагодат брзината на условите на патот, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и внимателно да управуваат со возилата.

Посебна внимателност се препорачува на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои можност од појава на одрони. Ваква опасност е посочена особено на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Во сила е и сезонскиот режим на сообраќај. Патниот правец Охрид – Ресен, преку Националниот парк Галичица, е отворен за сообраќај за сите видови возила до 3,5 тони.

CATEGORIES
Share This