ГУЖВИ НА ГРАНИЦИТЕ – АМСМ со важно предупредување до возачите
Зголемен сообраќај надвор од градовите, со посебно внимание на патиштата низ клисури, долини и котлини.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, а коловозите се суви.
Зголемен е интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од населените места. Поголема фреквенција на возила се бележи на граничниот премин „Богородица“ за излез од земјава, како и на „Табановце“ за влез во државата. Сепак, засега нема подолги задржувања за влез и излез од земјава на останатите гранични премини од македонска страна.
Од АМСМ апелираат на внимателно возење, прилагодена брзина и почитување на сообраќајната сигнализација. Посебно внимание е потребно на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои можност од појава на одрони.
Зголемена внимателност се препорачува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Во сила е и сезонскиот режим на сообраќај. Од 15 април, патниот правец Охрид – Ресен, преку Националниот парк „Галичица“, е отворен за сообраќај за сите видови возила со тежина до 3,5 тони.

