ПРЕКИНИ ВО ВОДОСНАБДУВАЊЕТО Проверете дали вашата улица е на списокот
Поради дефекти на водоводната мрежа, без вода ќе останат корисници во Карпош, Гази Баба и Центар.

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека денеска повеќе корисници во делови од Скопје ќе останат без вода поради дефекти на водоводната мрежа.
Во Карпош, поради дефект на приклучна цевка со профил ф 1“ на улицата „Струшка“ бр. 2, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Јуриј Гагарин“, „Струшка“ и дел од улицата „Козле“. Прекинот започнал во 09:20 часот и ќе трае до завршување на санацијата.
Без вода ќе останат и корисниците од Инџиково, поради уличен дефект со профил ф 2“ на булеварот „Александар Македонски“ бб. И во овој случај прекинот започнал во 09:20 часот и ќе трае до отстранување на дефектот.
Дополнително, дел од општина Центар денеска ќе биде без вода, информира Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, повикувајќи се на податоци од ЈП „Водовод и канализација“.
Од 11 часот прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови на улиците „Бел Камен“, „Водњанска“ и „Шарски Одред“.
За прекинот во Центар не е наведено до кога ќе трае, односно водоснабдувањето ќе биде нормализирано по завршување на активностите на терен.

