ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА КОНТРОЛА – Полицијата одзема мотоцикли и казнува без милост

МВР најавува продолжување на контролите во наредниот период.

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА КОНТРОЛА – Полицијата одзема мотоцикли и казнува без милост
Фото: Принтскрин

Вчечра во период од 12:00 до 20:00 часот, на подрачјето на Скопје (Центар, Аеродром, Бит Пазар и Чаир), СВР Скопје спроведе засилена акциска контрола насочена кон возачи на мотоцикли, велосипеди со помошен мотор, трицикли и четирицикли.

При контролата биле санкционирани вкупно 105 учесници во сообраќајот. Најголем број од прекршоците се однесувале на неносење заштитна кацига, за што биле изречени 50 казни. Дополнително, 11 возачи биле казнети за управување велосипед со помошен мотор без возачка дозвола, еден возач за управување мотоцикл со несоодветна категорија, осум за неносење сообраќајна дозвола, една мерка за движење по несоодветна површина, како и 33 други прекршоци.

Во рамки на акцијата бил привремено одземен еден нерегистриран мотоцикл, кој подолг период бил без регистрација (над шест месеци).

Од МВР најавуваат дека ваквите контроли ќе продолжат и во наредниот период, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот, и повторно апелираат до сите учесници да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

CATEGORIES
Share This