ГОЛЕМА НАЈАВА ОД МРТ Македонија повторно на Евровизија, најавен и целосно нов избор на претставникот

По пет години пауза, Македонија во 2027 година повторно ќе има свој претставник на Евровизија, а МРТ најавува целосно нов и транспарентен начин на избор.

ГОЛЕМА НАЈАВА ОД МРТ Македонија повторно на Евровизија, најавен и целосно нов избор на претставникот
Фото: Принтскрин

По петгодишна пауза, Македонија повторно се враќа на евровизиската сцена. Земјава во 2027 година ќе има свој претставник на најголемиот европски музички натпревар, кој следната година ќе се одржи во Бургас, Бугарија.

Од Македонската радио-телевизија (МРТ) најавуваат поинаков пристап кон учеството на Евровизија. Директорот на јавниот сервис, Зоран Ристоски, посочува дека МРТ има поддршка од Европската радиодифузна унија (ЕБУ) во промовирањето на македонските културни вредности, а се очекува и поповолен пакет за враќањето на земјава на натпреварот.

Промени се најавуваат и во изборот на македонскиот претставник. Според Ристоски, завршува досегашната практика на избор зад затворени врати, а јавноста во иднина ќе има јасен увид во начинот на кој е избран кандидатот што ќе ги брани македонските бои.

Македонската делегација во Бургас ќе ја предводат Јана Бурческа и Александра Јовановска.

Последното учество на Македонија на Евровизија беше во 2022 година, кога Андреа Коевска со песната „Кругови“ не успеа да се пласира во финалето. Последниот македонски претставник кој стигна до завршната вечер беше Тамара Тодевска со „Горда“ во 2019 година, кога натпреварот се одржа во Израел.

CATEGORIES
Share This