ГЕРМАНИЈА ПРЕД ЗЕМЈОДЕЛСКИ КОЛАПС Сушата и жештините ги уништуваат посевите

Земјоделците предупредуваат на драматично намалени приноси, недостиг на зимска храна за добитокот и целосно пропаѓање на културите во најпогодените региони.

ГЕРМАНИЈА ПРЕД ЗЕМЈОДЕЛСКИ КОЛАПС Сушата и жештините ги уништуваат посевите
Фото: Принтскрин

Германските земјоделци предупредуваат дека продолжената суша и високите летни температури сериозно ќе се одразат врз земјоделското производство. Според нив, намалените приноси во најпогодените региони може да бидат толку големи што дел од земјоделските култури целосно да пропаднат.

Претседателот на Германското здружение на земјоделци, Јоаким Руквид, за „Франс прес“ изјави дека поради слабите приноси на трева значително се намалени и залихите на зимска храна за добитокот, пренесува „Еурактив“.

Особено погоден е југозападниот дел на Германија, каде што високите температури и недостигот од врнежи предизвикаа сушење на земјоделските површини, намалување на водостојот на реките и зголемен ризик од шумски пожари.

CATEGORIES
Share This