ФУДБАЛСКА БОМБА ОД БЕРЛИН – Жена за првпат станува главен тренер

Унион Берлин со историска одлука – Мари-Луис Ета станува прва жена главен тренер во Бундес-лигата

ФУДБАЛСКА БОМБА ОД БЕРЛИН – Жена за првпат станува главен тренер
Фото:Принтскрин

Жена за првпат во историјата на германската Бундес-лига ќе биде главен тренер на машки тим, откако Унион Берлин донесе одлука да ја назначи Мари-Луис Ета за предводник на екипата до крајот на сезоната.

Ета доаѓа на местото на Штефан Баумгарт, кој беше разрешен по поразот од 1-3 против Хајденхајм во саботниот натпревар.

Со ова назначување, Ета повторно испишува историја во германскиот фудбал. Таа претходно стана првата жена-помошник тренер во елитната германска лига, исто така во редовите на Унион Берлин, во ноември 2023 година.

Во јануари 2024 година, таа забележа уште еден историски момент кога за првпат водеше тим од Бундеслига од клупата, за време на победата од 1-0 против Дармштад, додека тогашниот тренер Ненад Бјелица издржуваше суспензија.

Во моментов, Унион Берлин се наоѓа на 11. место на табелата со освоени 32 бода.

CATEGORIES
Share This