ФОН ДЕР ЛАЈЕН ВО РЕГИОНОТ Рокас најави можен пресврт за евроинтеграциите

Евроамбасадорот очекува посетата на претседателката на Европската комисија за две до три недели да биде „одлучувачки чекор“ кон почеток на пристапните преговори.

ФОН ДЕР ЛАЈЕН ВО РЕГИОНОТ Рокас најави можен пресврт за евроинтеграциите
Фото: Принтскрин

Евроамбасадорот Михалис Рокас најави дека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во следните две до три недели би можела да го посети регионот. Тој очекува нејзината посета да даде дополнителен поттик за европскиот пат на земјата и да биде одлучувачки чекор кон почетокот на пристапните преговори со Европската Унија.

!Изминатите неколку месеци сите работиме макотрпно со цел тоа да се случи. Се надевам дека наскоро ќе имаме регионална посета од страна на претседателката на Европската комисија. Таа би се реализирала за две до три недели и навистина се надевам дека ќе биде одлучувачки чекор кон почнување на пристапните преговори со Европската Унија“ – изјави Рокас.

Евроамбасадорот присуствуваше на настан на граничниот премин Табановце.

Запрашан дали има информации за можни уставни измени со одложено дејство, со кои би се деблокирал процесот на европска интеграција, Рокас рече дека не може да сподели такви информации.

CATEGORIES
Share This