ФОЛКСВАГЕН НАЈАВИ 100.000 ОТКАЗИ „Гардијан“ предупредува дека Европа е во опасност

Британскиот весник оценува дека кризата во германскиот автомобилски гигант е предупредување за целата ЕУ, која се соочува со силна конкуренција од Кина, американски царини и ризик од деиндустријализација.

ФОЛКСВАГЕН НАЈАВИ 100.000 ОТКАЗИ „Гардијан“ предупредува дека Европа е во опасност
Фото: Принтскрин

Најавата на „Фолксваген“ за можни 100.000 отпуштања и затворање фабрики отвори дебата за состојбата на европската индустрија. Според уредничкиот коментар на британскиот „Гардијан“, кризата е предупредување за целата Европска Унија, која се соочува со силна конкуренција од Кина, американски царини и сопствени економски слабости.

Весникот, повикувајќи се на анализа на Центарот за европски реформи, предупредува дека Европа, особено Германија, ризикува деиндустријализација доколку не ја промени индустриската политика. Најпогоден е автомобилскиот сектор, кој обезбедува околу три милиони работни места во Германија, а дополнителен товар се високите трошоци и технолошкото заостанување.

Европскиот комесар за индустрија Стефан Сежурне оцени дека отпуштањата се сериозен сигнал за потребата од заштита на европскиот пазар. Како клучна мерка се посочува Законот за забрзување на индустријата, но неговото усвојување доцни.

„Гардијан“ заклучува дека ЕУ мора итно да преземе мерки за заштита на домашната индустрија, предупредувајќи дека продолжувањето на губењето работни места може да го зголеми социјалното незадоволство и политичката нестабилност. Минатата недела работниците на „Фолксваген“ протестираа на 18 локации низ Германија против најавените отпуштања.

ПРОПАЃА ЛИ ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ Се зборува за можно преземање на „Фолксваген“

CATEGORIES
Share This