ПРОПАЃА ЛИ ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ Се зборува за можно преземање на „Фолксваген“
Експерти предупредуваат за историски пресврт во европската автомобилска индустрија.

Европската автомобилска индустрија се наоѓа пред голема трансформација, предупредуваат водечки економски експерти, кои оценуваат дека секторот влегува во историски пресврт.
Според нив, на кинеските производители кои денес се сметаат за најсилна конкуренција треба да им се овозможи пристап до европскиот пазар, но под услов дел од нивното производство да биде лоцирано на територијата на Европа, пренесува Nit News.
Претседателот на Килскиот институт за светска економија (IfW), Мориц Шуларик, во интервју за „Süddeutsche Zeitung“ изјави дека „Фолксваген веројатно ќе биде купен од кинески автомобилски производител, можеби BYD“. Сепак, тој нагласи дека станува збор за предвидување, а не за конкретни планови или преговори.
Изјавата доаѓа во период кога „Фолксваген“ се соочува со пад на профитот, намалена продажба и засилени мерки за намалување на трошоците. Според медиумски извештаи, се разгледуваат и чекори кои би можеле да влијаат на околу 100.000 работни места, како и можни промени во работењето на повеќе фабрики. Компанијата засега не ги коментира овие наводи, но претходно предупреди дека нејзиниот сегашен бизнис модел се соочува со сериозни ограничувања во услови на глобална конкуренција.
Дополнителен притисок доаѓа од Кина, која според Кинеската асоцијација на производители на автомобили (CAAM) станала најголем светски извозник на возила, надминувајќи ја Јапонија. Производители како BYD, Geely и Chery брзо го зголемуваат својот удел на европскиот пазар, најмногу благодарение на конкурентните цени на електричните автомобили.
Економскиот историчар Нил Фергусон оцени дека „традиционалниот модел на извоз на автомобили исчезнува“ и дека европските производители мора да се подготват за длабока структурна промена.
Шуларик додава дека Европа треба да инсистира на технолошка автономија и да овозможи пристап на кинеските компании, но само доколку тие инвестираат и произведуваат во Европа. Според него, само преку вложување во нови технологии може да се спречи понатамошно заостанување на европската индустрија во конкуренцијата со САД и Кина.
КРИЗА ГО ТРЕСЕ АВТОМОБИЛСКИОТ ГИГАНТ Фолксваген подготвува бран отпуштања од 100.000 луѓе


