ШТО ДОГОВОРИЈА МУЦУНСКИ И ВРВОТ НА АМЕРИКАНСКАТА ДИПЛОМАТИЈА Во фокус НАТО, економијата и Западниот Балкан

Министерот Тимчо Муцунски во Вашингтон се сретна со заменик-државниот секретар на САД, Кристофер Ландау, при што беше потврдена заложбата за продлабочување на стратешкото партнерство и соработката во одбраната, енергетиката, економијата и регионалната безбедност.

ШТО ДОГОВОРИЈА МУЦУНСКИ И ВРВОТ НА АМЕРИКАНСКАТА ДИПЛОМАТИЈА Во фокус НАТО, економијата и Западниот Балкан
Фото: Принтскрин

Во рамките на работната посета на Вашингтон, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски оствари средба со заменик-државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Кристофер Ландау.

На средбата беше потврдена заедничката заложба за понатамошно продлабочување на стратешкото партнерство и јакнење на билатералната соработка меѓу Македонија и САД, со акцент на интересите и благосостојбата на граѓаните на двете земји.

Главните теми на разговорот беа унапредувањето на соработката во областа на одбраната, сојузништвото во НАТО, економскиот развој, енергетската безбедност и регионалната поврзаност.

Муцунски и Ландау разменија мислења и за актуелните состојби на Западниот Балкан, при што ја нагласија важноста од континуираниот ангажман на Соединетите Американски Држави во зачувувањето на мирот, стабилноста и просперитетот во регионот.

CATEGORIES
Share This