ЕВРОПА СЕ ПОДГОТВУВА ЗА НАЈЛОШОТО Трамп може да повлече уште илјадници американски војници од Европа

Дипломати на НАТО стравуваат дека евентуалниот пораз на републиканците на среднорочните избори во САД може да предизвика нова ескалација во односите меѓу Вашингтон и европските сојузници.

ЕВРОПА СЕ ПОДГОТВУВА ЗА НАЈЛОШОТО Трамп може да повлече уште илјадници американски војници од Европа
Фото: Принтскрин

Земјите-членки на НАТО се подготвуваат за можно заострување на односите со американскиот претседател Доналд Трамп, доколку неговата Републиканска партија ги загуби изборите во САД, кои се одржуваат на 3 ноември.

Според пет дипломати на НАТО, постои загриженост дека Трамп би можел дополнително да ги засили нападите врз Алијансата и да преземе радикални потези во надворешната политика.

Тројца дипломати за бриселски „Политико“ изјавиле дека доколку Конгресот му го ограничи просторот за дејствување во домашната политика, американскиот претседател би можел да се насочи кон надворешната политика, каде што како врховен командант има поголема слобода на дејствување.

Едно од најголемите стравувања во Европа е можноста Вашингтон да повлече уште илјадници американски војници од европскиот континент, што би претставувало сериозен удар за безбедноста на НАТО.

„Обично, претседателите на кои им е намалена политичката моќ прават мешавина од изразување фрустрации и авантуризам во надворешната политика“, изјавил висок европски функционер за одбрана.

Загриженоста во европските престолнини е дека евентуалното слабеење на позицијата на Трамп во американскиот Конгрес може дополнително да ја продлабочи неизвесноста околу американската посветеност на НАТО и безбедноста на Европа.

CATEGORIES
Share This