ДРОНОВИ ЈА ЗАПАЛИЈА КЛУЧНАТА РУСКА ИНФРАСТРУКТУРА Киев објави детали од операцијата

ССО соопшти дека операцијата е дел од напорите за нарушување на руската нафтена логистика и воени капацитети.

ДРОНОВИ ЈА ЗАПАЛИЈА КЛУЧНАТА РУСКА ИНФРАСТРУКТУРА Киев објави детали од операцијата
Фото: Принтскрин

Силите за специјални операции на Украина (ССО) соопштија дека во текот на ноќта извршиле напади врз повеќе стратешки цели на руска територија и на окупираниот Крим. Според украинската страна, цел на операцијата биле спој на два руски нафтоводи во Волгоградската област, радарска станица во Краснодарскиот регион и складиште за нафта на Крим.

Во соопштението се наведува дека беспилотни летала на единицата „Длабок удар“ ја погодиле производствено-диспечерската станица „Красни Јар“ во Волгоградската област, при што избувнал пожар.

Од ССО истакнуваат дека акциите се дел од кампањата насочена кон руската нафтена и логистичка инфраструктура, со цел да се намалат капацитетите на Москва за продолжување на воените операции против Украина.

CATEGORIES
Share This