ДРАМА ВО ВОЗДУХОТ Авион од Германија кон Турција итно слета во Скопје

На копилотот му се слошило за време на летот, по што екипажот донел одлука авионот принудно да слета на Меѓународниот аеродром Скопје.

ДРАМА ВО ВОЗДУХОТ Авион од Германија кон Турција итно слета во Скопје
Фото: Принтскрин

Авион кој сообраќал на релација од Германија кон Турција итно слетал на Меѓународниот аеродром Скопје, откако на копилотот му се слошило за време на летот.

Според првичните информации, поради влошената здравствена состојба на членот на екипажот, била донесена одлука авионот да го промени планираниот правец и да слета во Скопје.

Засега нема официјални информации за здравствената состојба на копилотот, ниту дали патниците продолжиле со патувањето кон Турција.

Се очекуваат повеќе детали за инцидентот.

CATEGORIES
Share This