НУДЕЛ ПОМОШ ПРЕД БАНКА Па им земал дел од парите од банкомат
50-годишник од кумановско приведен откако бил фатен како искористувајќи го невниманието на граѓаните им земал дел од парите при подигнување од банкомат.

Фото: Принтскрин
Полициски службеници од СВР Куманово вчера во 10:30 часот го привеле М.З. (50) од селото Пчиња, кумановско, поради сомнение за сторено кривично дело „затајување“.
Според информациите од полицијата, тој бил забележан пред банка на улицата „Иво Лола Рибар“ во Куманово, каде на граѓаните им нудел помош при подигнување пари од банкомат.
Но, наместо да им помогне, осомничениот наводно ја искористувал нивната невнимателност и земал дел од парите што ги подигнувале.
Од СВР Куманово информираат дека по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
CATEGORIES Македонија

